Неколку мали трикови за беспрекорен изглед: На овој начин вашата коса подолго ќе остане чиста!

Честото миење на косата предизвикува лојните жлезди да произведат повеќе маснотии. Како резултат на тоа, вашата коса ќе биде почесто мрсна и оштетена.

Еве неколку трикови како треба да ја миете косата за да остане чиста подолго:

Внимавајте на температурата на водата

Додека ја миете косата, користете топла или млака вода затоа што премногу жешката ја зголемува количината на маснотија што ја излачува вашата кожа. По миењето, оставете ја да се исуши природно.

Врзете ја косата пред спиење

Пред спиење, врзете ја косата и кога ќе легнете поставете ја така што таа да биде на горниот раб на перницата. Ако е доволно долга, врзете ја во опашка или плетенка.

Често менувајте ја навлаката на перницата

Ова е особено важно кога времето е топло, бидејќи вашата коса почесто се мрси, а кожата се поти додека спиете. Ако имате долга коса, најдобро е да користите сатенски навлаки за перници.

Користете сув шампон

За да го скриете мрсниот сјај, поделете ја косата на прамени и втријте сув шампон на коренот, како да користите лак за коса. Ако шампонот е во форма на прав, држете го 10 минути по нанесувањето, а потоа убаво исчешлајте ја. По ова, вашата коса ќе изгледа чиста.

Често мијте го чешелот

Не заборавајте да ги миете чешелот и другите додатоци за коса редовно, бидејќи содржат маснотии и мрсни материи. Доволно е да ги миете еднаш неделно со шампон или сапун во топла вода.

Внимавајте што јадете

За да ја зачувате косата чиста подолго, избегнувајте мрсна или пржена храна. Истото важи и за шеќер, бел леб и конзервирана храна.

Заменете ја исхраната со овошје и зеленчук и млечни производи. Ова ќе ви помогне да ја намалите активноста на лојните жлезди.




Коментари

коментари