Категории

Неколку (не)обични лекции кои секое дете треба да ги научи

Родителите се тие кои треба да ги научат децата на се и сешто, од наједноставните нешта од секојдневниот живот па се до оние комплицираните кои треба да ги објаснат повеќе пати.

Тоа се тие лекции кои прават разлика во воспитувањето, личноста и големината на срцето.

Во продолжение прочитајте што секое дете треба да ги научи и секако ако сметате дека нешто сме пропуштиле слободно дополнете.

1. Не се обидувај да бидеш нешто што не си

Оваа лекција е една од потешките за прифаќање во одредени моменти во животот како на пример од пубертетот па се до факултет. Сите поминуваме низ период во кој не сме најсигурни во сами себе. Но поради тоа не треба да се преправаме дека сме некој друг.

2. Запознај се себе си

Научете го детето да ги сонува своите сонови и да го слуша својот внатрешен глас. Бидејќи внатрешниот глас е нашето срце и нашата душа и се она што не прави автентични. Затоа е важно вашето дете да го слуша и да не биде дел од групата на медиокритети кои го игнорираат.

3. Патувај

Научете го за важноста на патувањето и запознавањето со убавините на светот. Нека не остане на само не едно место во својот агол на сигурност. Нека ги рашири своите крила. Јасно е дека ќе ви недостасува. Но вашето срце ќе биде полно кога ќе сфатите се што видело и научило.

4. Да сфати дека малите нешта се оние кои се важни

Да ја придржи вратата, да го собере ѓубрето по себе, да ги гледа луѓето во очи додека разговара со нив.

Тоа се тие ситни нешта за кои не е потребен никаков труд, а кои прават голема разлика во светот.

5. Да не ги осудува другите луѓе

Да не се смета себе си за авторитет по прашањето како некој треба да го живее својот живот.

6. Да не се плаши да сака со сето свое срце

Врската е она што ги дефинира луѓето. Тоа во исто време е прекрасно и застрашувачко, може да те натера да правиш смешни работи, но подобро е да ги правиш отколку да не ги правиш. Никогаш немој да жалиш што си сакал/а некого.

Прегледи:
338
Објавено на:
17.09.2016