Неколку од најубавите LinkedIn профили на малечки бизниси

Освен убав и внимателно среден Facebook и Instagram профил, добро е секој мал бизнис да има и LinkedIn профил. LinkedIn ви овозможува да го истакнете својот бизнис на место специјално направено за тоа. Подоле имаме примери од неколку преубави LinkedIn профили, со цел да инспирираме некои од вас да си направат профил таму, или да го ажурираат постоечкиот.

1. Greenhouse Software

Oваа страница се истакнува со колоритната кавер фотографија, со паметната tag-line и со одличниот опис. Тие, исто така, ја искористиле и опцијата за Поврзани ознаки, што означува дека се дел од бизнисот на регрутација на таленти.

2. Ripple

Ripple е компанија за финансиски решенија. Тие се истакнуваат со тоа што активно го користат делот за Life – односно живот. Тие постојано покажуваат како живеат нивните вработени, во и вон условите на фирмата, со тоа што сосема се хуманизираат себеси.

3. Gong.io

Gong.io е платформа која им овозможува софтверски решенија за комуникација на фирмите. Тие имаат многу симплистички, но јасен банер со логото, кој привлекува внимание. Тие, исто така, одлично го користат Life делот.

4. Skybridge Capital

Оваа фирма се занимава со менаџмент на инвестиции. Тие мудро го искористиле делот на „About“, каде што истакнале дека локациите им се на повеќе места, со што покажуват интернационална вклученост.

 




Коментари

[fbcomments]