Неколку трикови како да се разбудите без кафе

Доколку утринскто будење не ви е едноставно и не можете да го замислите денот без чаша кафе, имаме неколку совети за вас.

Светлина – Оставете ги кренати ролетните пред да заспиете или кренете ги штом ќе се разбудите. Ова дополнително ќе ве мотивира доколку надвор е убав, сончев ден. Отворете го прозорецот и дозволете му на свежиот ваздух да влезе во вашата спална соба.

Истегнете се – кога ќе се разбудите истегнете се во лежечка или стоечка положба. Потребни се неколку минути да го разбудите вашето тело, после што нема да ви се спие.

Ладна вода – Миење на лицето со ладна вода целосно ќе ве разбуди. Исто како и туширање и пиење ладна вода.

Пуштете музика – Нема ништо подобро од музика кога сакате да бидете подвижни. Пуштете ја омилената песна додека се подготвувате за работа.

Доручек богат со протеини – Протеините се одлични за разбудување и добивање на енергија. Добра опција се јајца или јогурт. Од друга страна, шеќерите имаат спротивен ефект.

Гума за џвакање – Гума за џвакање е одлична замена за кафе, кога имате потреба од брзо будење. Внимавајте гумата за џвакање да е без шеќер.




Коментари

коментари