Нема да бидам твојата втора опција… Или избери ме, или остави ме!

Јас не сум таа која ќе остане со тебе знаејќи дека е само опција. Одбивам да бидам опција. Јас сум и секогаш ќе бидам приоритет и ако не можеш да го видиш тоа, жал ми е. Искрено, не ја гледам поентата да бидам во врска со тебе, ако јас сум единствената која се вложува во неа.

Да, те сакам, но исто така сакам љубовта да ми биде возвратена. Во спротивно, тоа е измачување, а се сакам доволно себеси за да не си го дозволам тоа.

Доколку ме сакаш во твојот живот, треба да ме избираш – секој ден. Знам дека нема да биде лесно. Ќе има моменти кога нема да можеме да се поднесеме, денови кога нема да можам да те гледам, и кога нема да можеш да ме гледаш. Ќе има денови кога ќе биде многу тешко да ја искажеме љубовта што ќе посакаме едноставно да станеме и да си заминеме еден од друг. Но, ќе има денови кога твојата рака ќе биде единственото нешто што ќе сакам да го почувствувам, а твојата прегратка ќе биде единственото нешто што ми е потребно.

Во сите овие моменти, потребно ми е да ме избереш мене. Потребно е секогаш да се избираме и во добро и во лошо. Ако не можеш да го исполниш тоа, тогаш остави ме засекогаш.

Во љубовта сѐ се сведува на ИЗБОР. Не се најважни пеперутките во стомакот кои ги чувствуваме кога запознаваме некого. Таа е избор кој го правиш со својот партнер секојдневно. Се избирате еден со друг. Избирате да се сакате и да се борите за вашата врска. Затоа, очекувам да ме избереш секој ден доколку одлучиме дека ќе бидеш мој и јас твоја.

Избери ме кога не се чувствувам убаво во своја кожа. Избери ме и оние денови кога одбивам да го напуштам креветот и пижамите, а избери ме и во оние денови кога сум прекрасна и среќна. Избери ме кога сум лута и вознемирена, но исто така избери ме кога не можам да престанам да се смеам.

Избери ме онаква каква што сум. Избери ме. Сакај ме. Почитувај ме. Избери ме секој ден или остави ме. Јас ќе си одам и ќе ја најдам љубовта која отсекогаш ја барав. Ќе си отидам и ќе си ги остварам соништата. Ќе најдам некој кој ќе биде тука за мене секој ден. Некој кој нема да може да замисли да помине ден во животот без мене.




Коментари

коментари