Категории

„Нема да одиме на училиште без нашите сестри“: Ученици од Авганистан бараат образование и за девојчињата

Протестите во Авганистан започнаа откако Талибанците ги отворија повторно средните училишта само за момчиња, отстранувајќи ги девојчињата од училишните клупи. Поради ова, момчињата штрајкуваат и одбиваат да ги посетуваат училиштата без нивните соученички.

Некои од пораките гласат: „Нема да одиме на училиште без нашите сестри“, „Не отидов денес на училиште за да го покажам моето несогласување со Талибанците, и да протестирам против нивната забрана за девојчињата да одат на училиште“, „Жените го сочинуваат половина општество. Ова покажува дека Талибанците не се промениле. Јас нема да се појавам на училиште сѐ додека не се отворат и училиштата за девојчиња.“

За потсетување, Талибанците владееја со Авганистан од 1996 до 2001 година и во тој период на жените им беше забрането да се образуваат. Талибанците се заложуваат за строга и конзервативна интерпретација на Исламот. Откако им беше одземена власта во 2001, тие сега се вратија во Авганистан, по 20-годишна војна против САД и НАТО силите.

 

Прегледи:
342
Објавено на:
29.09.2021