„Нема да ти простам но нема и да те заборавам“ – Кукла од Памук

„Можеби ќе бакнеш туѓи усни,
и нема да имаат вкус на доцна пролет и зрели капинки,
и тоа тело нема да е мапа која води до изгубениот храм на Атлантис..
Но ќе ги љубиш можеби и многу повеќе.
Можеби ќе имаат вкус на есен и слатки калинки
или нешто кое одамна си посакувал да го вкусиш.
Можеби тие усни ќе кријат одговори
кои одамна си жеднеел да ги откриеш.
И можеби ќе посакаш да се вратиш, можеби..
Но нема да те пречекам,
но нема да ти простам,
но нема да те заборавам.“

Следете за повеќе: https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog/




Коментари

[fbcomments]