Категории

НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ: Приказна која мора да ја прочитате!

Еден сосема обичен ден решив да се откажам. Одеднаш решив да дигнам раце од работата, својата врска и својата духовност. Всушност, решив да се откажам од животот.

Но, пред да го направам тоа, отидов сам во шума на последната прошетка со Бога.

Му реков: „Господе, можеш ли да ми дадеш една добра причина да не се откажам?“

„Погледни околу себе. Дали гледаш папрат и бамбус?“, ме запраша тој.

„Да“, одговорив јас.

„Кога ги засадив, добро се грижев за нив. Внимавав да бидат на место каде што има сонце, ги заливав. Папратот брзо израсна. Брзо го прекри тлото. Но, од бамбусот ништо. Сепак, не дигнав раце од него. Следната година, имаше уште повеќе папрати, а од бамбусот ни трага ни глас. Сепак, не се откажав. И третата година беше исто, како и четвртата. Јас не се откажав. Потоа, петтата година малата садница со бамбуси израсна. Во споредба со папратите беше минијатиурна. Но, за само шест месеци бамбусот израсна преку три метри. Пет години му беа потребни да пушти корења кои го зајакнаа и му овозможија да порасне. Да бидеме искрени, јас не би ни создал нешто што не може да преживее.

Дали си свесен дека додека патиш, всушност ги пушташ своите корења? Како што не дигнав раце од бамбусот, не дигам ниту од тебе“, ми одговори Бог.

„Не се споредувај со другите. бамбусот има сосема друга намена од папратите, но двете билки ја прават шумата поубава. Ќе дојде и твоето време. И ти ќе пораснеш.“

„Колку треба да пораснам?“, прашав.

„А колку ќе порасне бамбусот?“, ми одговори.

„Веројатно колку што може“, реков.

„Токму така. Направи ме горд па и ти порасни колку што можеш“, ми рече Бог.