Категории

Немате идеја за ручек? Направете ги овие вкусни шпагети. (РЕЦЕПТ)

За да ги приготвите овие шпагети, потребен ви е само половина час.

Состојки:

  • шпагети
  • 300 гр сланина
  • 300 гр шунка
  • 300 гр шампињони
  • сос за шпагети
  • лук
  • кашкавал
  • зачини

Начин на подготовка:

Исецкајте ја сланината и пропржете ја во сопствената маснотија, за да биде крцкава. Извадете ја со решеткаста лажица и оставете ја на топло. Во истата маснотија пропржете ја и шунката, исто така исецкана и потоа извадете ја да се исцеди. Додадете ги шампињоните кои претходно ќе ги исецкате на потенки делови, додадете малку масло, посолете и додадете малку мелен бибер.

Сварете ги шпагетите и исцедети ги, а потоа прелијте ги со ладна вода. Ставете ги во чинија шпагетите, ссланината, шампињоните, шункта, сецканиот лук, залијте ги со сос и преку сетоа ова додадете сецкан першун и лажичка боисилек. Најгоре додадете рендан кашкавал.

 

Прегледи:
350
Објавено на:
21.06.2018