Немажените жени се посреќни и живеат подолго од омажените?

Немажените жени кои немаат деца се најсреќниот дел од популацијата и веројатно е дека ќе живеат подолго од оние жени кои се во брак одгледуваат деца, тврдат водечките стручњаци за среќен живот

Професорот Пол Долан од Лондонскиот универзитет за Економија и автор на книгата “Happy Ever After” зборувајќи на фестивалот Hey, изјави дека најновите докази покажуваат за тоа дека традиционалните принципи кои се користат за мерење на успехот не биле во коорелација со среќата – особено кај жените кои се во брак и жените кои имаат деца.

„Омажените жени се посреќни од другиот дел од популацијата но само кога во анкетата се надоврзи и присуството на нивниот сопруг. Кога сопругот не е присутен, податоците се поразителни.“ – вели професорот Долан.

Тој наведува дека одредени парови изјавиле дека мажите треба да се венчаваат додека жените не треба да се мажат.

„Мажите имаат корист од бракот за да се „смират“, да ризикуваат помалку и да заработуваат повеќе пари. Додека омажените жени, од друга страна, трпат повеќе и се смируваат порано. Најздрава и најсреќна група се жените кои никогаш не сеомажиле нити имале деца.“ – порачува тој.

И покрај благодетите на женскиот начин на живот без деца, Долан вели дека постоечката нарација дека бракот и децата се знаци за успех, може да биде стигма која некои жени ги наведува да се чувствуваат несреќно.




Коментари

[fbcomments]