Категории

Немој да чекаш: Музика за да танцуваш, прилика за да прославуваш, нов ден за да се обидеш

Направи го сето тоа сега, затоа што само сега си тука!

Немој да чекаш возбудливи мигови, залез на сонцето, ретки прилики во кои ќе се напиеш.
Луѓе без кои ти поминува младоста. Нова година, па уште една, следен месец, следен ден, следна шанса.
Немој да трчаш без цел. Никогаш не вели никогаш. Биди човек – извини се. Не врти нов лист секој ден, на истиот напиши нешто убаво. Ако треба шкртај, направи слика.
Смеј се на самиот себеси, постоиш ти, и само ти.
Она што си го створил за себе, на другите нема никогаш да им биде доволно.
Направи барем тебе да ти биде.
Не чекај, свадба за да играш, музика за танцуваш, создади музика во сопствената глава.
Танцувај без престан, и кога се ќе застане.
Нема назад. Нема каење, нема извинување, нема грешки, нити исправки, нити болка.
Наместо да се предадеш, прифати ја борбата, прифати го страдањето, прифати го предизвикот.
Не чекај утро да се промени се. Нити да биде попаметно од ноќта.
Не верувај во подобро, створи подобро, зграби се што ти се нуди.
Немој да мислиш дека би можело да биде поинаку. Не можеш подалеку од себеси, нити поблиску од себеси.

Прегледи:
379
Објавено на:
25.12.2019