Категории

Немојте да јадете повеќе од три парчиња интегрален леб дневно

Ако сте од оние кои својата исхрана ја темелат врз здрави намирници кои е и интегралната храна, тогаш треба да го знаете следното.

Кога велиме интегрална храна, тоа пред се се однесува на житарки и тоа се оние кои не поминале процес на обработка, туку нивното зрно е цело. Со обработка на зрното губи своја нутритивна вредност, што не е случај со интегрално зрно кое задржува хранливост, а здравствената корист е поголема.

Здравствените придобивки од интегралните намирници се добро варење, редовно празнење на цревата, снижување на нивото на холестеролот а додатна корист се и витамини.

Интегралните намирници имаат значајно поглема количина на витамин од Б група која е исклучително важна за метаболизмот и јаглените хидрати но и за квалитетот на кожата и ноктите. Што се однесува до слабеењето, влакната се круцијални за секоја деита од две причини.

Причините зошто треба да јадете интегрални житарки е затоа што успешно го контролираат нивото на шеќер во крвта. Интегралните житарки содржат повеќе влакна и затоа подолго пружат чувство на ситост за разлика од белото брашно кое доведува до нагли скок на шеќерот а притоа и гладот.

Не би требало да јадете повеќе од три парчиња вистински интегрален леб на ден.
Истото важи и за интегрални тестенини – иако се здрави во смисла да го одржуваат нивото на шеќери во крвта, содржат и витамини од Б група, го подобруваат варењето – тоа и понатаму има исто калории како и белите тестенини.

Прегледи:
215
Објавено на:
08.11.2020