Категории

Необична фотографија ги збуни корисниците на социјалните мрежи – Каде е телото на еленот?

Елените и срните се чести посетители во дворот на Џени Мекмилан. Особено лесно се забележуваат во зима кога се собираат таму за да копаат во снегот и да бараат храна. Неодамна Мекмилан ги гледаше низ прозорецот од нејзината соба, кога забележа сцена што ја збуни. Елен се скри зад едно дрво и се гледаше само неговата глава.


Се чинеше како целото тело да исчезна зад трупот. Мекмилан го фати мигот со нејзиниот мобилен телефон и ја фотографираше сцената и ја сподели на социјалните мрежи, а многу луѓе почнаа да коментираат дека не можат да сфатат како е можн тоа.

„Не станува збор за фотошоп. Јас сум постара дама и не знам како да го направам телото да исчезне во програмите за уредување“, рече таа за Додо, пренесува

Тогаш, коментаторите започнаа да ги споделуваат своите теории. „Можно е елените да имаат многу кратко тело“, напиша еден корисник. „Можеби таа само стоеше на предните нозе“, додаде друг.

Прегледи:
28
Објавено на:
21.02.2021