Категории

Необични закони во земјите ширум светот кои мора да ги почитувате доколку ги посетите!

Забрането тетовирање и селфи со Буда

Ова правило важи за Шри Ланка, па ако се најдете таму, избегнувате селфи по секоја цена, бидејќи добар дел од туристите се „изгореле“ и платиле парична казна. Истото важи и за тетоважите со ликот на Буда.

Забранети електронски цигари

Ако одите во Тајланд, заборавете на електронската цигара. Доколку ве фатат со неа, секако ќе платите парична казна, а во полош случај може и да завршите во затвор.

Не облекувајте маскирна облека

Многу карипски држави, како Барбадос, Света Лусија и Свети Винсент забрануваат маскирна облека. Неа не смеат да ја носат дури ни децата.

Не ги хранете гулабите во Венеција

На страна, пред својот хотел или каде и да се наоѓате можеби ќе се извлечете со оваа активност, но ова никако не смее да ви падне на памет на плоштадот Свети Марко. Таму ги има премногу, па градските власти забраниле хранење на гулабите, за да не ги привлекуваат дополнително.

Внимавајте на бензинот во Германија

Кога се наоѓата на патиштата во Германија, внимавајте дали имате доволно гориво. Имено, со закон е забрането да се остане без гориво, што и не е најнеобична работа, имајќи на ум дека на тој начин можете да се доведете во опасност и себеси но и другите.

Без плукање во Барселона

Некултурното однесување во вид на плукање на улица постои речиси насекаде во светот. Сепак, градските власти во Барселона одлучиле да реагираат на овој вид на некултура, па плукањето го прогласиле за непожелно.

Потпетици во Грција

Грција не го забранила носењето потпетици сегде и на сите, туку само на посетителите на важни знаменистости, како на пример Акропол. Оваа одлука е донесена поради стравот од оштетување на историските места и споменици.

 

Не изговарајте пцовки во Обединетите Арапски Емирати

Пцовките, како и непристојните гестови се строго забранети во оваа држава. Прекршителите можат да бидат депортирани или уште полошо да завршат во затвор.

Прегледи:
638
Објавено на:
09.04.2018