Категории

Неодолив есенски рецепт со сочни и вкусни јаболки

Бидејќи ни пристигна вистинската дождлива есен, овие денови се радуваме на домашната атмосфера, читајќи книги, гледајќи филмови, серии и шолја топол напиток. Но, она што особено ќе не израдува е вкусен есенски десерт. А што е подобро од рецепт со сочни и вкусни јаболки?

 

Тарт со ванила и јаболки

Состојки:

  • 1 блок лиснато тесто
  • 1,5 кг ситни јаболки, по можност кисели
  • 1 стапче ванила
  • малку шеќер
  • малку слатка павлака

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 210°C. Ставете го лиснатото тесто во подмачкан округлест калап за тарт и избоцкајте го со вилушка. Јаболките измијте ги, излупете ги, отстранете ги семките, па исечкајте ги на тенки кришки и наредете ги на тестото – најпрво во правец на работ на калапот, па потоа во спротивен правец во зависност од големината на плехот.

Стапчето ванила исечете го по должина истругајте ги семките па распоредете ги по јаболките, сето тоа наросете го со шеќер и прелијте мала количина слатка павлака, а преостанатиот ден од стапчето со ванила исечкајте го на помали парчиња и со нив украсете го тартот.

Печете околу 15 минути, потоа намалете ја температурата на 180° C, па печете уште 30 минути, со тоа што петнаесетина минути пред крај треба да додадете уште малку слатка павлака одозгора. Послужете додека е топло.

Прегледи:
461
Објавено на:
18.10.2021