Категории

Неодоливи вкусови на капучино – хит за ова лето

Кафето претставува непресушен извор на инспирација, задоволство без кое не помислуваме да го поминеме денот. За некого тоа е утрински ритуал, метод за расонување, за други пак, начин да се обезбеди енергија и концентрација во текот на денот.

Без разлика на кој начин, сите ќе се сложиме дека ги сакаме вкусот и аромата на свежо приготвено кафе. За вкусовите не се расправа, па поради тоа создадени се многу видови на кафе, се со цел секој да го пронајде токму тоа што му треба.

Доколку преферирате комбинација од кафе и млеко “зачинето” со најразлични ароми и вкусови кои создаваат кремасто пенливо кафе, тогаш сигурно сте обожавател на капучино од Интерфуд – синонимот за најдоброто кафе решение во Македонија. Токму тука, ќе ја пронајдете вашата омилена арома на капучино. Вкусови одбрани толку внимателно, што сигурно ќе посакате да ги консумирате секојдневно.

Лешник, ванила, карамела или пак, ирско капучино, во зависност од вашата желба, се аромите кои веднаш ќе ве придобијат, а кога ќе ги вкусите ќе сфатите зошто Интерфуд е вистинскиот избор и лидер на пазарот веќе 13 години. Во знак на благодарност за лојалноста, оваа компанија ќе ги награди своите верни потрошувачи со различните ароми на најдоброто капучино надополнето со интересна чаша со креативна порака. Во оваа акција ќе може да учествуваат сите љубители на кафето, посетувајќи ја фејсбук страната на Интерфуд.

Покрај различните видови на капучино, Интерфуд нуди секакви видови на кафе и кафемати се со цел да ги исполни вашите желби и барања. Квалитет, континуитет и професионализам се основните столбови на оваа компанија која постои за да создава моменти на среќа во вашето секојдневие.

Прегледи:
678
Објавено на:
31.07.2017