Категории

Неодоливо модно парче – РОЗОВ ЏЕМПЕР

Сигурно сме дека главната причина поради која сите ја обожаваме студената сезона се неодоливите меки џемпери.

Тие се одлично удобно и тренди парче кое изгледа одлично со фармерки и патики, може да се комбинира над фустани и со прекрасните здолништа во А крој.

За оваа есен ние ве советуваме да изберете џемпер во розова боја. Не замо што оваа весела и впечатлива боја ќе внесе малку колорит и свежина во вашата комбинација, исто така изгледа младешко и романтично. Во галеријата ви споделуваме неколку изгледи кои ќе помогнат како да го комбинирате ова супер шик парче.

Прегледи:
443
Објавено на:
11.10.2017