Категории

Неодоливо слатка – Мачката Фиона ќе ве освои со своето необично шарено крзно

Прекрасната Фиона е тригодишна пуфкаста мачка која живее во Канада со сопственичката Олга и мачката Ромео. Оваа необична мачка доби многу обожаватели на социјалните мрежи благодарение на крзното од живописни бои.

Имено, Фиона има шари на крзното во жолта, бела, црна, сива и кафеава боја. Како што може да се види на фотографиите на Инстаграм, Фиона ужива да поминува време со Ромео, но сака и да позира. Нејзините фотографии секогаш добиваат стотици лајкови и неколку убави коментари.

„Таа е посебна“; „Колку е убава“; „Величествена Фиона“; „Таа е навистина уникатна“ – се само некои од коментарите подолу на фотографии од Фиона.

Профилот на кој Олга објавува фотографии од своите миленици го следат над 16 илјади луѓе, а можеме само да замислиме какво задоволство е да се гали со оваа посебна убавина.

Прегледи:
56
Категории:
Животни · Секојдневие
Објавено на:
27.08.2021