Неодоливо вкусен посен колач кој нема да ви одземе многу време! (РЕЦЕПТ)

Пригответе вкусен посен десерт за целото семејство кој не одзема многу време.

Потребни состојки:

  • 250 гр. маргарин
  • 12 лажици шеќер во прав
  • 200 мл. газирана вода
  • 8 лажици мелени ореви
  • 300 гр. брашно
  • прашок за пециво
  • 100 гр. посна чоколада

За прелив:

  • 200гр. посно чоколадо
  • 80гр. маргарин

Начин на подготовка:

Оставете 200гр. маргарин на топло, па кога ќе омекне изматете го со шеќерот во прав. Полека, со постојано матење, доливајте газирана вода и постепено додадете ги мелените ореви, брашното помешано со прашокот за пециво и изрендана чоколада. Смесата ставете ја во плех намачкан со преостанатиот маргарин и набрашнет. Печете на 180 степени околу половина час. Печениот колач прелејте го со глазура од растопена чоколада и маргарин.

Пријатен апетит!




Коментари

коментари