Неодоливо вкусна: Направете посна карамел торта со банана! (РЕЦЕПТ)

Цело семејство ќе ужива во оваа торта. За време на постите многумина се одрекуваат од своите омилени јадења, но некои не можат без колачи и слатки колку и да се трудат. Затоа, подгответе посна карамел торта со банани во која ќе ужива целото семејство.

Состојки:

  • 260 гр посен кекс
  • 200 гр посен маргарин
  • 3 пудинзи од карамела
  • 600 гр банани
  • 600 мл сок од праска
  • 200 гр шеќер
  • 50 гр шеќер во прав

Подготовка:

Пудингот сварете го во сокот, по желба може и да го засладите да се олади со повремено мешање. Маргаринот изматете го со шеќерот во прав. Кога ќе се олади пудингот соединете го со маргаринот. Додавајте маргарин лажичка по лажичка и матете со миксерот. Кексот потопете го во жешкиот сок и редете го на послужавник. Одозгора ставете малку фил и израмнете, потоа сечени банани, па повторно фил… банани, фил, кекс.




Коментари

коментари