Категории

Неолитско село постаро и од египетските пирамиди – Каква тајна крие Скара Брае

Скара Брае е село од неолитската ера кое се смета за еден од најважните и најстарите европски споменици.

Сместено е на јужниот брег на заливот Скаил, на запад од Мајнтланд, во Шкотска. Ова место е пронајдено во средината на 19 век, а подоцна било утврдено дека населбата датира од доцниот неолит, меѓу 3200 и 2200 година п.н.е.
Во зимата 1850 година големо невреме ги погоди Оркниските Острови. Комбинацијата на ветер и екстремно голема плима отстранија голем дел од тревата од насипот кој дотогаш беше познат како Скерабра. Тогаш беа откриени многу камени згради. Овој фасцинантен феномен го интересирал Вилијам Ват од Скаил, кој започнал со ископување на ова место.

Потоа, во 1868 година, откако пронајдоа остатоци од четири антички куќи, работата на локалитетот Скерабра беше напуштена. Населените места останаа во иста состојба се до 1925 година, кога уште едно невреме ги оштети претходно ископаните градби. Беше изграден зид околу крајбрежјето за да се зачуваат овие остатоци, но за време на градежните работи беа откриени неколку антички градби. Помеѓу 1928 и 1930 година беа извршени нови ископувања, кои го открија станбениот дел што го гледаме и денес. Во тоа време се сметаше дека населбата потекнува од железното време, кое потекнува од околу 500 години п.н.е., но тоа не беше случај.


Понатамошниот процес на истражување во раните 70-ти години потврди дека населбата датира од доцниот неолит, меѓу 3200 и 2200 г.п.н.е., и дека процесот на населување траел околу 600 години.Интересно е што sидовите на ова античко село преживеале до денес. Поради заштитата што ја обезбедуваше песокот, кој ја покриваше населбата повеќе од четири илјади години, содржината на овие куќи е неверојатно добро зачувана. Ѕидовите и структурата на улиците сè уште се стабилни и покриени со оригинални камени плочи, а архитектурата од секоја куќа има ист неолитски дизајн – голема квадратна просторија со камин, кревет од двете страни и фиоки на sидовите спроти вратата.

Сепак, еден од најважните европски споменици е под постојана закана од уништување, поради ерозијата на крајбрежјето и поплавите од песок и море. Покрај сето тоа, сè поголем број посетители ја оштетуваат античката населба. Се преземаат бројни чекори за зачувување на споменикот, а овој град е исто така на списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Прегледи:
153
Објавено на:
15.03.2021