Категории

Нередовна менструација – Потенцијална причина за која и можеби не знаете

Еве што е потребно да знаете за ова пореметување..

Синдромот на полицистични јајници е доста чест и го имаат голем број од жените иако многу од нив не се свесни за тоа.
Додека тој најчесто се поврзува со нередовна менструација и изостанување на циклусот во потполност, доста лесно може да се предвиди: Можеби често имате нередовна менструација па поради тоа не придавате големо значење, или синдромот на полицистични јајници се карактеризира со мноштво знакови и симптоми (а не може да се дијагностицира само со еден тест или пребарување) тој и понатаму може да остане неидентификуван.

Еве што е потребно да знаете за ова пореметување:

ПОСТОЈАТ ПОВЕЌЕ СИМПТОМИ
Акните, прекумерната влакнетост, неплодност, зголемување на телесната тежина се поврзуваат со синдромот на полицистични јајници исто така и метаболички проблеми како што висок холестерол, висок крвен притисок па дури и дијабетес.

Доколку нешто од горенаведеното ви звучи познато, обратете се на гинеколог. Најчесто е потребно да се направи крвен тест со цел да се открие кој хормон е повишен. Јајниците и надбубрежните жлезди најчесто го произведуваат хормонот тестостерон но ако имате синдром на полицистични јајници тогаш доаѓа до негово прекумерно производство. Покрај тоа, постојат шанси и да имате абнормално ниво на глукоза.

НЕ СЕ ВО ПРАШАЊЕ САМО ЦИСТИ
И покрај името, немаат сите жени цисти на јајниците, иако имаат синдром на полицистични јајници. Доколку ги имате, тие најлесно можат да се опишат како низа од бисери, а кога ќе пукнат тоа може да биде доста болно. Цистите понекогаш можат да исчезнат поради ненавремено испуштање на јајце клетките, а можат да се откријат по пат на ултразвук.

ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА
Синдромот на полицистични јајници може да биде и генетски – истражувањата покажуваат дека доколку ги имала вашата мајка, имате 50% шанси да ги имате и вие. Меѓутоа ова заболување се поврзува и со прекумерната телесна тежина.

ЛЕЧЕЊЕ
Добрите вести се дека лечењето е прилично едноставно. Ако не се обидувате да останете бремени, најчесто се препишуваат контрацептивни пилули. Оралната контрацепција превзема контрола над јајниците „присилувајќи“ ги да престанат со прекумерното производство на тестостерон.

Доколку се обидувате да останете бремени, вашиот гинеколог ќе ви препише друг лек кои ќе помогнат во овулацијата. Секако сето тоа се разликува од жена до жена и секако е најдобро да се консултирате со гинеколог за можните опции.

Прегледи:
821
Објавено на:
10.06.2020