Нервозни сте и преплашени – Совети од руски психолог кој ќе ви помогнат да ги надминете

Следете ги овие совети и ќе го пребродите овој период многу полесно

Способноста на одразување на самоконтролата и смиреноста во стресните ситуации е доста важна вештина, но е многу тешко да се стекне.

Во период кој е пред нас, престојот во домот предизвикува зголемена нервоза, страв, анксиозност и немир а сето тоа е потполно нормално. Со цел да го пребродиме успешно, псигологот Михалков дава едностави насоки кои ќе ни помогнат да се избориме со нив.

ЗАБОРАВЕТЕ НА ПРАШАЊЕТО ШТО АКО
Не создавајте најлоши можни сценарија во својата глава, сега не е време за тоа. Откажете се од искушението да го гледате само она најлошото.
Славниот возач на автомобилски трпки во една прилика изјавил: „Главно нешто во текот на трката е гледањето пред себе, а не во ѕидот, затоа што воланот на автомобилот го насочувате таму каде што ве водат очите.“
Доколку се насочите себеси на негативниот исход, тоа ќе стане реалност.
Секој пат кога ќе ве обземе мислата што ако се случи нешто лошо, заменете ја со мислата дека се ќе биде добро.

СЕТЕТЕ СЕ НА ПРЕТХОДНИТЕ ИСКУСТВА
Кога ќе почувствувате напад на паника, обидете се да и се спротивставите. Вратете се во мислите во некој период кога сте се чувствувале убаво или кога сте постигнале некој голем успех. Докажано е дека прикривањето на таквите емоции помага во совладувањето на кризите.

ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА ПОЗИТИВНИТЕ АСПЕКТИ
Од секоја ситуација обидете се да извлечете нешто позитивно. Нека ова биде период кога ќе стекнете некои нови вештини или ќе прочитате книги кои отсекогаш сте сакале да ги прочитате или да погледнете некои филмови кои долго време биле на вашата листа.

ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА СЕГАШНОСТА
Не бројте ги деновите уште колку останува до крајот на оваа состојба затоа што така ситуацијата ќе стане уште полоша. Потрудете се ова време во кое се наоѓате да го искористите на најинтересен и најкорисен начин.




Коментари

[fbcomments]