Категории

Несекојдневни трендови во шминкањето кои ќе владеат оваа година

2020 ќе биде година кога се отстапува од „комфорната зона“ кога е во прашање шминката и изгледот, погледнете кои makeup трендови ќе владеат оваа година.

Времето се менува а така и навиките за убавина. Начинот на кој се шминкавме во 2010 и сега во 2020 е многу различен на радост на сите. Изминатата декада се менуваа доста трендови но во прашање беа во главно „безбедни“ и класични makeup изгледи, додека оваа година ни доаѓаат многу нови и неочекувани начини да шминкање кои секој ќе ги прифати со различно мислење.

Погледнете што ни доаѓа како водечки тренд оваа година:

-Кожа како стакло
Популарниот “glass skin” тренд е тука и оваа година. Во фокусот е беспрекорната кожа и минималната шминка која изгледа природно и прозрачно. Makeup артистите се тотално „опседнати“ со овој изглед, а го обожаваат и познатите дами.

-Бушави веѓи
Тенките совршено обликувани веѓи заминаа во историјата. Во beauty светот сега се обожаваат густите природно бушави веѓи наречени “Feather brows”.

-Eyeliner на капаците
Наместо традиционалното исцртување на линијата на клепките, оваа година на сцена настапува нешто сосема неочекувано. Исцртување на очните капаци со eyeliner во светли бои.

-Сенка и руменило во силни тонови
Уште еден доста смел тренд. Во фокусот се силните корални нијанси на сенка и руменило, кои полека се претопуваат.

-Нагласени очи
Неутрална шминка и нагласени очи особено во центарот. За овој тренд makeup артистите препорачуваат силни и смели нијанси, а остатокот од шминката во nude нијанси.

-Светки и кристали
Гламурозните изгледи се тука и не планираат да отстапат. Светките и кристалите на очи се и понатаму омилени кога се во прашање супер-гламурзозните makeup изгледи.

-Сенка на горните капаци
Исто како и трендот со eyeliner-от во боја на капаците, суштината на овој тренд е нагласување на капаците со сенка во силни бои додека остатокот од очите е во неутрални нијанси.

-Блескав наместо мат изглед
Целосно матираното лице е уште еден тренд кој замина во заборав. Makeup артистите се повеќе го преферираат блескавиот ‘dewy’ изглед кој дава здрав сјај и свежина на лицето.

Прегледи:
302
Објавено на:
17.02.2020