Категории

Нешта кои една вистинска дама нема никогаш да ги направи

Тие се едноставно под нејзино ниво.

Жените со самодоверба се многу успешни, популарни, нивното мислење се цени, а нив тоа суштински воопшто не им е важно. Тие гледаат и се држат само до себе, ги почитуваат другите и водат грижа за својата работа и животниот ритам, но не ја мерат својата личност според она што го имаат. Овие жени никогаш нема да ги направат следните нешта:

-Трачарење
Самоуверените жени не зборуваат за другите жени, зборуваат за своите цели, планови и амбиции.

-Не се сомневаат во себе
Внимателно и полека донесуваат одлуки, ги разгледуваат ставовите за и против, но никогаш не се сомневаат во себеси затоа што сомнежот не е дел од нивната личност.

-Не следат трендови
Не следат трендови, затоа што се водат според она што им е нив потребно, неопходно и адекватно на нивната работа, потреба и стил, личност и однесување.

-Не ги потиснуваат чувствата
Кога имаат нешто на ум тоа и ќе го кажат. Како дел од самодовербата доаѓа и способноста да зборуваат што мисалт а не она што другите сакаат да го чујат.

-Не прават компромиси кога грижата за себеси е во прашање
Без оглед на се, животниот ритам им е најважен. Сакаад да живеат удобно и совршено балансираат помеѓу работата и приватниот живот, редовниот сон и здравата исхрана.

-Не молат никого
Кога жената со самодоверба верува во себе, туѓите ставови и потврди не и се потребни, па така и не ги бара од другите.

-Не губат време на загриженост
Времето е драгоцено, па тоа жената со самодоверба се труди да не го троши своето време во загриженост и на тоа што ќе прави во иднина.

Прегледи:
585
Објавено на:
23.11.2019