Категории

Нешта кои ја уништуваат страста во врската поради кои на крајот доаѓа до неверство или раскинување

Ако се занемарите себеси, индиректно го занемарувате и вашиот партнер, а сето тоа доведува до намалување на страста. Некои, навидум мали нешта знаат како полека да ја еродираат и најхармоничната врска, порано или подоцна.

1. Не смеете да се занемарите
Дури и ако сте во врска многу долго време, тоа не значи дека можете да се запуштите. Ако престанат да ве интересираат љубовта, блискоста и приврзаноста, а тоа вклучува и грижа за сопственото тело, вашата врска би можела да оди на погрешен тек. Ако се занемарите себеси, индиректно го занемарувате партнерот, а сето тоа доведува до намалување на страста.

2. Криење на незадоволство
Не смеете да го чувате незадоволството за себе – ако има, се разбира. Не е лошо понекогаш да се карате конструктивно, тврдат психолозите, бидејќи тоа е еден од условите за здрава врска. Ако не сакате да разговарате со вашиот партнер за непријатни теми, ќе започнете да се оддалечувате од проблемот, но и од вашиот партнер. И тогаш доаѓа гаснењето на страста меѓу вас.

3. Погрешни зборови
Се разбира, вашиот партнер понекогаш ќе ве налути и вие би сакале… Но, ако ја знаете неговата најслаба точка, онаа што го „вади од чевлите“ за секунда, обидете се да се воздржите и да не користите тоа, или не користете ги неговите недостатоци во ваша одбрана. Така, ќе ја изгубите неговата доверба, и со текот на времето, многу, многу повеќе.

4. Губење на самодовербата
Ако сте љубоморни по природа, обидете се да се контролирате. Прекумерната љубомора и сомнежот можат да ја уништат добрата врска. Ако вашиот партнер постојано виси околу вратот, бара грешки или причини за расправија, пламенот на страста ќе се изгасне многу брзо.

5. Лоши навики
„Сркање“ супа, гризење на ноктите, оставање работи низ куќата, отворена паста за заби, неуредна облека и слични лоши навики може да доведат до иритирање. Иако ваквите ситници изгледаат банални, тие честопати се причина за убивање страста и бесконечни расправии – што неизбежно води кон крај на врската.

Прегледи:
225
Објавено на:
10.03.2021