Нешта кои ќе ги разберат само оние кои сакаат да поминуваат време сами

Доколку го сакате времето поминато самите со себе, тогаш сигурно овие нешта нема да ви бидат воопшто чудни.

1.Викендите кога немате обврски, планови и никакви одговорности, ги сметате за најдобро поминати викенди.

2.Понекогаш вашите пријатели сакаат да направат планови со вас и вие немате причина зошто би одбиле освен тоа што сакате да го поминете денот сами во своите омилени пижани.

3.Некоја добра книга, филм или албум со слики може да го задржи вашето внимание подолго отколку било која забава, клуб или бар.

4.Да заминете некаде во некоја дрвена куќа на среде шума и да поминете време гледајќи во небото ви делува како идеален вид на одмор.

5.Ве возбудува планирање на долго патување сами каде знаете дека ќе можете да се посветите на сопствените мисли, да слушате музика или аудиокниги со часови.

6.Најлошата особина на потенцијалниот партнер за вас е некој кој е многу приврзан. Вам ви е потребен простор за да дишете, тоа ви е неопходно нешто без кое не можете да замислите да бидете во врска.

7.Дури и ако сте вљубени и имате посебна личност покрај себе, сепак потребно ви е време за самите себеси во кое никој нема да ви смета.

8.Личноста со која би се замислиле во брак е личност на која исто така и е потребно време за себе. Некој како вас.

9.Ако постои само еден збор кој би ве опишал тоа е зборот – „независни“.

10.Додека сите околу вас се жалат поради тоа што се сингл, вие всушност го сфаќате тоа како предност. Ви претставува задоволство што можете без проблем да се посветите на сите нешта кои ги сакате без да морате да давате објаснување некому.

11.Кога се дружите со луѓе – преферирате тоа да е собирање во помала група каде можете да се посветите на разговорот со сите одеднаш, наместо огромно друштво.

12.Вие сте набљудувач – сакате да го посматрате однесувањето на другите луѓе и често сте омилени помеѓу нив поради тоа, затоа што секогаш успевате да воочите доколку некој има некој проблем или се чувствува лошо, и се обидувате да им помогнете.

13.Сакате да размислувате за големите животни прашања

14.Повеќе би сакале да одите на планинарење или плажа самите без никој, но тоа не значи дека не сакате луѓе, едноставно сметате дека подобро ги доживувате таквите нешта кога сте сами.

15.Сакате да се опуштите со чаша вино со пријателите, но сметате дека опуштањето со чаша вино, во својот дом додека сте сами е совршен поим за рај.




Коментари

[fbcomments]