Категории

Нешта кои мажите повеќе ги ценат отколку да им кажете „Те сакам!“

Некои мажи сакаат кога нивните партнерки им кажуваат дека ги сакаат, додека други повеќе ги преферираат делата кои тие ги правата за нив. Секако дека кажувањето „те сакам“ игра важна улога во одржувањето на врската, но не заборавајте и да им го покажете тоа.

Подарете им внимание
Доколку вашиот партнер забележи дека постојано седите на вашиот телефон додека сте на романтична вечера, тој ќе помисли дека не ви е доволно биден или дека ви е здодевно да поминувате време со него. Не го правете тоа, насочете го целото ваше внимание кон него и гледајте го во очи додека зборува.

Облечете го неговиот омилен фустан
Без разлика колку долго сте заедно, кога ќе се облечете во нешто што тој особено го сака со тоа му покажувате дека сакате да изгледате добро за него. Машкиот мозок е фокусиран на визуелното повеќе отколку женскиот мозок.

Направете му го омиленото јадење
Старата поговорка гласи дека најдобриот пат до машкото срце е преку стомакот. Кога ќе го изненадите така што ќе го зготвите неговото омилено јадење без да го прашате тоа за него ќе е од голема важност затоа што ќе знае дека се грижите за него и му удоволувате. Еден од најдобрите начини да му кажете „те сакам!“

Грижете се за себе
Мажите сакаат кога жената изгледа убаво и се грижи за себе, со тоа тие знаат дека вие се грижите за тоа да изгледате убаво пред него и пред другите и вие да бидете негова гордост.

Дозволете му да има време за себе
Оставете го да помине слободно време со другарите, или да прави нешто во кое што ужива и поддржете го во тоа. Поддршката е најголемиот доказ за љубовта.

Давајте му комплименти
Кога следниот пат ќе заврши некоја „машка“ работа во домот, дајте му комплимент колку е способен и силен. Исто така не заборавајте да му давате комплименти и за начинот на кој изгледа, за неговата фризура или стил.

Прашајте го за совет
Советувајте се со вашиот партнер за било какви прашања кои ве мачат, така тој ќе знае дека неговото мислење е важно за вас и вие му верувате на неговиот совет.

Заблагодарувајте му се
Следниот пат кога ќе заврши некоја работа за вас, било да е тоа мала и незначајна не заборавајте да му кажете „благодарам“.

Гушкајте го
Следниот пат кога ќе се разбудите наутро, или кога ќе го испраќате на работа, наместо набрзинка да го бакнете, прегрнете го силно. Додека жените повеќе комуницираат вербално, мажите повеќе комуницираат преку допирот. Дајте му топла и силна прегратка, тој ќе почувствува дека навистина ви значи.

Прегледи:
912
Објавено на:
03.09.2019