Категории

Нешта кои морате да ги направите по раскинувањето

Иако ви се чини дека сѐ е црно откако ќе ставите точка на љубовната врска, ништо не е готово, верувајте дека убавите нешта штотуку доаѓаат.

Блокирајте, избришете го бројот, и престанете да го следите
Разбираме дека понекогаш е тешко да се притисне unfriend дугмето и да се започне „чистенка“ на социјалните мрежи. Тоа само ќе ви помогне во процесот полесно да го преболите.

Испланирајте нешто на кое ќе му се радувате
Ја знаете онаа изрека која вели дека времето лечи се? Оваа изрека ви порачува да го пополните празниот простор така што ќе им дадете шанса на моментите да ви донесат нешто ново. Немојте да седите дома и да чекате времето да помина, туку почнете со пополнување на распоредот и држете се зафатени цело време.

Движете се
Ви дозволуваме барем недела или максимално две да се опоравите, да седиме замотани во ќебе и јадете сладолед додека гледате романтични филмови, но не е многу паметно да чекате и толку па подобро започнете со работа на себеси. Движете се, одете во парк, спортувајте. Физичката активност е најдобар лек за депресија.