Нешта кои секоја жена во своите триесетти НЕ смее повеќе да ги прави

Една жена која скоро полни 34 години, составила листа на нешта кои секоја жена во своите триесетти не треба да ги прави

Триесеттите кај жената се вистинските години за исполнување на сите замисли и среќа. Тоа е период кога сте сигурно во себеси, свесни сте за своите квалитети, кариерата која сакате да ја следите и сте на пат кон исполнување на вашите желби. Спремни сте да престанете да ги прифаќате туѓите глупости и помалку да се нервирате. Влегувате во многу убав период.

Како возрасни жени, некои нешта веќе не треба да ги прифаќаме и да трошиме енергија на нив.

Мала плата на работа
Ако чувствувате дека сте премалку платени или знаете дека сте, превземете адекватни чекори да дојдете до посакуваната сума. Истражувајте ги фактите, подгответе говор во кој ќе ги истакнете своите вештини и ќе му дадете до знаење на вашиот работодавец што очекувате.
Немојте да ги прифаќате оправдувањата. Ако не сакаат да ви платат колку што вредите, време е да барате друга работа.

Занемарување на своето тело
Метаболизмот успорува со текот на годините и килограмите се менуваат. Сепак, фактот дека сте во триесеттите не е добра причина да престанете да се грижите за себеси.

Да се извинувате за она што сте
Најважно е да се чувствувате добро во своја кожа. Луѓето кои не се сигурно во своето однесување или немаат самодоверба можат да се обидат да го уништат вашиот карактер или избори, но тоа е потполно нивен проблем. Вие продолжете по свое. Живејте онакако како што чувствувате дека ви одговара и бидете луди колку што сакате. Ако знаете дека сте добра особа, или одлучна која храбро чекори кон своите цели, не треба да се извинувате никому за тоа.

Да бидете во врска со несериозни партнери
Во своите дваесетти имате доволно време да губите на мажи кои не сакаат ништо сериозно, во еден миг да ви изјавуваат љубов а веќе во другиот да исчезнат. Но во вашите триесетти не смеете да губите време со некој за кој морате постојано да анализирате што мисли, да го иницирате секој состанок или да се прашувате со уште колку други девојки излегува. Сега сте возрасни и покрај вас ви е потребен стабиле партнер кој ќе се грижи за вас и ќе ве сака и почитува.

Да бидете несигурни поради физичкиот изглед
Во своите триесетти веќе не е време да се трудите да бидете онаква каква што другите посакуваат.
Време е да престанете да се споредувате себеси со другите. Трудете се да бидете најдобрата верзија на себеси и прифатете го вашето тело онакво какво што е. Бидете горди на она што го поседувате.




Коментари

коментари