Категории

Нешта кои сепак треба да ги чувате во тајност од вашиот партнер

За да избегнете создавање на предрасуди и да успеете да изградите однос во кој ќе имате меѓусебна доверба, добро е некои нешта едноставно да ги премолчите.

Некои нешта едноставно вашиот партнер не мора да ги знае затоа што би можеле да предизвикаат повеќе проблеми особено кога е во прашање почеток на врската и сеуште не се познавате добро. За да избегнете создавање на предрасуди и да успеете да изградите однос во кој ќе имате меѓусебна доверба, добро е некои нешта едноставно да ги премолчите.

Интересни приказни за сексот
Во еден миг веројатно ќе се појави прашање „Кое е најлудото место на кое си имал секс?“ или нешто во сличен стил. Доколку вам ви е непријатно да знаете такви нешта за својот дечко, тогаш подобро ви е да ја оставите таа тема настрана.

Семејни расправии и напнатост
Семејните приказни се комплексни а околу тоа ќе дознаете со тек на време и повеќе од тоа што би сакале да знаете еден за друг. Вистината е таа дека сите имаат напнати односи со некој близок член од своето семејство. Во секое семејство не подалеку од бабите и дедовците можат да се пронајдат проблематични, неодговорни, тешки и крути личности, но не морате да разговарате за тоа ако не сакате.

Пријател со кого нештата заминале „предалеку“
Доколку имате помалку луда приказна за себеси и некој ваш близок пријател со кого после малку алкохол и опуштеност нештата заминале во друга насока тоа треба да остане помеѓу вас и вашиот пријател. Вашиот партнер нема ништо со тоа и не мора да ги знае тие детали и дополнително да го мрази вашиот пријател.

Твоето мислење околу неговите пријатели
Не ви е јасно што прави со еден куп мрзеливи и неспособни типови, но тоа се неговите пријатели кои го познаваат подолго отколку вие, кои биле тука пред вас а веројатно ќе бидат и после. Ни вам не би ви годело доколку тој би бил искрен околу вашите пријателки а уште помалку ако всушност мисли дека се згодни.

Искуства со изневерување
Не морате да предизвикувате земјотрес со признанието дека сте го изневериле вашиот поранешен партнер или да барате оправдување зошто ве изневерил со бившата. Верноста и довербата се нешто кое морате да го пронајдете самите и да работите на тоа заедно, минатите искуства нека останат минато и нема причина да ги споменувате во вашата врска.

Прегледи:
425
Објавено на:
15.06.2020