Категории

Нешта за кои секоја сингл девојка се грижи

Сингл девојките се среќаваат со разни проблеми и кризи, а еден од најголемите проблеми е притисокот на околината која не престанува со прашањата од типот – Кога ќе најдеш момче?

Дури и кога околината и најблиските ќе се помират со статусот сингл на девојката, се случува таа самата себеси да се преоптеретува. Овие нешта најчесто ги загрижуваат сингл девојките.

1.Кој ќе ме негува кога сум болна?
Депресијата во текот на болест или грип е честа кај девојките кои немаат партнер. Кога се опкружени со лекови, чаеви и хартиени марамчиња, девојките во главно патат при помислата дека никој не сака да биде покрај нив во ваквите животни ситуации и дека никој неа да ги негува или да се грижи за нив. За среќа, ваквите размислувања често им поминуваат кога ќе оздрават.

2.Зошто сите добри момци се веќе зафатени?
Ова звучи како Марфиев закон – сите добри момци се веќе зафатени и затоа девојките не можат да пронајдат партнер. За среќа, ова не е точно и само затоа што во овој миг ви се чини дека не ви се додворуваат 20 момчиња тоа ќе остане така засекогаш.

3.Целиот живот ми се врти околу работата – немам време за љубов!
Ова е реланост кај поголемиот број од девојките. Ќе ја добијат работата од соништата и секој миг го поминуваат на работа. Состаноци, планирања, разговори..Сето ова може да направи вашето секојдневие да ви се врти само околу едно нешто – работата. Но не е добро кога таа е единственото нешто во вашиот живот, напротив, тоа можете да го искористите така што ќе се зближите со некој колега од работа, така и понатаму ќе бидете посветени на работата и помеѓу состаноците ќе ви биде поинтересно отколку порано.

Прегледи:
361
Објавено на:
18.11.2019