Категории

Нешта за мажите кои треба да ги прифатите еднаш засекогаш

Машки карактеристики кои треба да ги знаете и да ги прифатите како такви.

Мажите и жените се разликуваат и тоа е често извор на постојани фрустрации и неспоразуми во машко-женските односи. Жените се жалаат дека не се сфатени, но колку всушност тие умеат да ги сфатат мажите?
Машки карактеристики кои треба да ги знаете и да ги прифатите како такви.

Мажите почесто ризикуваат да бидат одбиени
Од нив се очекува иницијатива – ја очекуваат жените, но и тие ја очекуваат самите од себе. Конвенциите налагаат жените да чекаат некој да ги забележи и да им „пријде“ додека тие суптилно им даваат знаци а сепак остануваат резервирани. Мажите треба да ги освојат, но во своите обиди да то направат тоа, често се неспретни, несигурни и нервозни и – одбиени.
Тие поаѓаат во освојување со идеата дека шансите да не им успее се големи и тоа ги прави нервозни и несигурни, или премногу нападни и груби.
Секој пат кога ќе и пријдат на некоја жена, тие ризикуваат да бидат одбиени па дури понижени и и смејани. Мораат многу нешта да преминат за да можат да се „охрабрат“ за да добијат внимание од некоја жена.

Тие трпат притисок од општеството да бидат коректни
Како воедно да бидат пристојни, џентлеми, лежерни и опуштени и отворено да кажат дека сакаат секс без да ги навредат жените, или да не бидат презриво одбиени?
Од нив се бара да бидат нежни и пријатни, но исто така одлучни, храбри, самоуверени и страствени. Балансирањето е збунувачко и често несмасно. Затоа мажите често имаат ниска самодоверба ури и кога се уверени во својот шарм, не добиваат секогаш потврда дека тоа е делотворно.
Ако се фини, внимателни, срамежливи и на располагање, ги обвинуваме дека се папучари и немаат храброст, ако се дрски и фокусирани на она кое го сакаат, велиме дека се арогантни, себични и простаци.

Научени се да не бараат помош
Една од погрешнит еидеи за мажественоста и храброста е дека не смеат да ја покажат својата слабост, односно да бараат решение за своите проблеми сами.
Затоа има толку многу мажи кои ги потиснуваат своите чувства и бараат вентил во алкохолот и арогантното однесување како иво активности за кои се сигурни дка се супер-мажествени и ќе ги направат посилни и посамостојни во очите на жени (а и во очите на другите мажи.)
Жените не се плашат да бидат осудени дека се детинести и неспособни ако побараат помош, а тие всушност се соочуваат со тоа, мешајќи ја силата и цврстината и не знајеќи ништо за силата на еластичноста. Затоа ретко бираат „пат по кој се оди ретко“ и ја отфрлуваат идеата за стручната помош. Тоа им ги врзува рацете во личниот развој и напредок затоа што жените се задолжени за тој дел.

Прегледи:
830
Објавено на:
31.08.2020