Категории

Нешта за скршеното срце за кои никој не зборува

Скршеното срце не е нешто убаво. Не е поезија, не е останување до 4 часот наутро и слушање на тажни песни.
Скршеното срце е задржување на солзите во јавност додека се гушиш во горливоста која ти стои во грлото.

Скршеното срце е она кога ги сретнуваш на улица, кога со денови со добро и потоа одеднаш го чувствуваш нивниот дух на твоите усни, дланки и врат, и нивните прсти по твојот грб, се давиш од спомените на нивното присуство.

Тоа е будење во ноќта од соништата во кои ги гледаш додека душата во тебе гори како пекол.
Болката не е ништо кое треба да биде романтизирано.

Луѓето не се објекти, срцето не е цигара. Не можеш да ја запалиш и потоа да ја изгаснеш кога ќе ти здодее.
Скршеното срце не е нешто за кое треба да се раскажува со восхит, тоа е она кое не би го посакал ни најголемиот непријател.

Прегледи:
80