Нешта за животот кои ќе ви го олеснат секојдневието кога ќе ги прифатите и ќе започнете да ги применувате

Авантурите се смислата на животот. Зајдисонцето ја лечи душата покажувајќи дека краевите можат да бидат прекрасни.

-Пријателите кои сте ги имале на почетокот на годината можат комплетно да се променат на крајот од неа. Луѓето се менуваат, но ако не се променуваат на подобро, тогаш е најдобро да ги оставите зад себе.

-Фотографирајте ги среќните мигови. Но не дозволувајте да бидете преокупирани со тоа. Не сакате да погледнете назад кон минатото и да сфатите дека наместо да уживате во секој миг вие сте биле премногу зафатени со вашиот апарат и не сте го живееле мигот со цело срце.

-Пронајдете го вашето безбедно место. Тоа може да е место каде што се чувствувате пријатно, без оглед на тоа дали е малата кафетерија на аголот од улицата, цветната градина, или библиотеката која често ја посетувате. Постојат многу места на светот каде што ќе се чувствувате како дома.

-Бидете љубезни спрема сите. Не знаете со што секој од нас се соочува секој ден. Некои водат мрачни борби за кои вие не знаете, немојте да ги туркате уште подлабоко во темнината со својата нељубезност и студ. Бидете добри и подарувајте нежност.

-Читањето е важно. Забележувајте ги нештата кои ги читате и ги наоѓате прекрасни и воодушевувачки. Читањето прави чуда.

-Пишувањето помага секогаш.

-Немојте да судите според нечија ментална болест. Девојката со анксиозност ги има најдлабоките мисли. Тоа аутистично момче го има најдоброто срце, а некој шизофреничар може да ве насмее од срце. Немојте да судите никогаш.

-Нечија убавина не ве прави вам помалку убави.

-Авантурите се смислата на животот. Зајдисонцето ја лечи душата покажувајќи дека краевите можат да бидат прекрасни.

-Поминувајте време со вашите родители и најблиските. Еден ден тоа ќе ви недостига.




Коментари

[fbcomments]