Категории

Нешто чудно се случува: Милионерите масовно се селат во Нов Зеланд

Се проценува дека секој втор основач на компанија во Силициумската долина поседува имот и во Нов Зеланд. Зошто е Нов Зеланд новиот „план Б“ за американските милијардери?

Одговорот на ова прашање го истражувал новинарот Марк О’Конел, а особено се интересирал за случајот на Питер Тиел, коосновач на „Palantir Technologies и  „PayPal“ и еден од првите вложувачи во Фејсбук, кој за 10 милиони долари купил огромен плац во Нов Зеланд. Тиел, ко по победата на Трамп во САД станал негов советник, во 2011 изјавил дека не пронашол ниту една друга земја во склад со неговите погледи на иднината како што е Нов Зеланд.

Кога го изјавил ова, тој веќе имал поднесено барање за новозеландско државјанство. Барањето му го одбриле веднаш, а таа информација се криела 6 години. Во 2016 година Сем Алтман, еден од највлијателните бизнисмени во Сицилиумската долина, изјавил дека имал договор со Тиел во случај на апокалипса да пребегнат со авион во Нов Зеланд каде што Тиел има куќа.

Американските милијардери започнале масовно да се подготвуваат за апокалипса по доаѓањето на Трамп на претседателската позиција во САД. Тврделе дека ќе биде невозможно да се избегне. Звучи неверојатно, но се она што се случува денес го опишале Џејмс Дејвидсон инвеститор кој е специјализиран за советување на милионери како да профитираат за време на економски катастрофи и покојниот Вилиам Рис, долгогодишен уредник на Тајмс, во книгата од 1997 година: „Суверен поединец: Како да преживееш и да победиш за време на пропаѓање на благосостојбата во државата“.

Во првиот дел од оваа книга се говори за демократската држава како криминален картел, терајќи ги чесните граѓани да одвојуваат голем дел од своите приходи за пат, болници и училишта.

Во вториот дел се опишува како со развој на интернетот и појавата на криптовалути, за владата ќе биде невозможно да ги следи трансакциите и приходите на поединци.

Во третиот дел се носи заклучок за тоа дека организзацијата на државниот систем е потполно застарена, додека во четвртиот дел се најаува нова глобална распределба во која власта и влијанието ќе го преземе „когнитивната елита“ како класа на суверени поединци кои заповедуваат многу поголми ресурси, а кои веќе нема да бидат подложни на моќта на нацијата, па така ќе ја редизајнираат владата во склад со своите цели.

Суверениот поединец“ е апокалиптичен текст, опишува Марк О’Конел и додава дека авторите на книгата ја презентираат блиската иднина: Изумирање на либералната демократија, а ќе се замени со лабава конфедерација на корпоративни градови држави. Дејвидсон и Рис како најдобар избор за создавање на богатство во ова време на информатичката технологија го споменале Нов Зеланд, па и сами купиле дел од островот.

За просечниот Американец прва помисла поврзана со Нов Зеланд е филмската триологија „Господар на прстените“, па се претпоставува дека и Тиел така започнал да се интересира за Нов Зеланд. Имено, за имињата на најмалку пет од своите компании Тиел бил испириран од оваа триологија.

Во еден натпис за Тиел, отикриено е од страна на негов пријател дека Тиел повеќе пати директно и отворено кажал дека сака да има своја држава. Првата приватна компанја на Нов Зеланд е основана од страна на Англичанец, осудуван киднапер на деца, со цел да привлече богати инвеститори и голем број на евтина работна сила, мигрантски работници кои не можат да упат земјиште во новата колонија. Оваа компанија на почетокот на 19-ти век извршила низа експидиции и островот започнал со колонизација. Поставиле и своја власт, а ито така ја советувале британската кралица да преземе чекор за Нов Зеланд и формално да стане британска колонија. Утописките фантазии на техно-либертаријанците како Тиел покажуваат дека историјата се повторува.

Прегледи:
422
Објавено на:
23.03.2018