Категории

Netaville – запознајте се со новиот IT хаб во Скопје!

Денес се оддржи официјалното отворање на новиот „IT Hub – Netaville“ од софтверкста компанија „Netcetera“.

 

Нетавил е средина која го стимулира развојот на локалната тек-сцена, поддржува IT настани и споделување знаење. Од почетници до искусни професионалци, етаблирани организации, и организатори на настани. Секој е добредојден во овој простор кој е место
за иновации, размена на визии, идеи и постигнувања.

IT студентите можат да присуствуваат на предавања, да запознаат професионалци и да уживаат во посебните попусти кои ги имаат во кафе-барот кој е дел од просторот. Блискоста до техничките факултети го прави местото лесно достапно до студентите. Простор во Нетавил е достапен за локалните IT факултети за нивните настани и едукативни потреби. Нетавил ќе биде место кое ќе го поддржи професионалниот развој на студентите и ќе го направи нивното учење повозбудливо и интересно.

Организациите, заедниците и организаторите на настани, можат да го резервираат социјалниот простор за нивниот следен IT настан. Без разлика дали се организира натпревар, хакатон, предавање, саем на кариера или средба на група, Нетавил е место кое е достапно за сите настани од кои ќе има бенефит IT заедницата.Професионалците и фриленсерите можат да го користат ко-воркинг просторот и да уживаат во пријатната работна средина. Тие можат да се сретнат со колеги, да разменуваат идеи додека пијат кафе, и да ги искористат предностите на локацијата.

Интернационалната софтвер компанија Netcetera ја поддржа креацијата на Нетавил. Поддржувањето на локалната IT заедница и на талентите е еден од главните принципи на компанијата. Замислата е Нетавил да го стимулира развојот на растечката тек-сцена во Македонија и да ги инспирира младите таленти да се пронајдат во IT светот.

Прегледи:
62
Објавено на:
14.09.2022