Категории

Неверојатен момент: Орангутан му помaга на заглавениот конзерватор да излезе од реката

Ова е срдечниот момент во кој што орангутанот се обидува да му помогне на човекот кој е заглавен во река нудејќи му ја својата испружена рака. Големиот мајмун, кој живее во заштитено шумско подрачје во Борнео, на фотографиите може да се забележи како се испружува напред нудејќи му помош на човекот кој се наоѓа во калливата река во потрага по змии.

Впечатливите слики ги снимил фотографот аматер Анил Прабахар, од Индонезија, кој се наоѓал на сафари со своите пријатели кога ја забележал трогателната сцена. Г-дин Прабахар подоцна открил дека човекот работел во фондацијата „Survival Borneo Orangutan“ – непрофитна организација чија цел е заштита на загрозените видови.

Работникот ги расчистувал змиите за да ги заштити орангутаните кога се појавил мајмунот. Сепак, фотографот открива дека човекот ја одбил раката на орангутанот – бидејќи станува збор за диво животно.