Категории

Неверојатен трик како најлесно да се ослободите од песокот од плажа

За многумина песочните плажи се најубави на светот, а лежењето на песок доаѓа како терапија за умот и телото за време на одморот. Затоа трикот за чистење на песокот по цел ден на плажа ни дојде добро за време на летните одмори.

Сепак, овој вид на релаксација може да биде вистинска „мака“ кога ќе дојде време да ја напуштите плажата. Чистењето на песокот од целото тело може да потрае долго и секогаш имаме впечаток дека не сме го исчистиле правилно.

 

@lauren.clutter Save this for your next trip to the beach 🏖 #momhack #momhacks #momcontent #MakeASplash ♬ Summer – Calvin Harris

Благодарение на мајката од Тик Ток, нема да морате повеќе да се борите со песокот бидејќи таа смислила совршен трик како да се ослободи од секое зрно песок на крајот од денот.

Лорен Клатер рекла дека веќе е познато дека пудрата за бебиња помага да се отстрани песокот од телото, но таа истакна дека користењето пудра на плажа може да биде незгодно, особено кога дува ветер. За да им го олесни животот на сите мајки кои се обидуваат да ги исчистат своите деца од песок, Лорен истурила прашок во чорап, со кој потоа го бришела телото и истовремено го чистела заглавениот песок.

Прегледи:
403
Објавено на:
12.07.2022