Категории

Неверојатна 8-часовна диета која ќе ви помогне веднаш да изгубите 4 килограми

Дали некогаш сте чуле за диетата од 8 часа? Таа е толку едноставна, што можат да ја применуваат дури и оние најнетрпеливите. Станува збор за режим на исхрана во кој ви е дозволено да јадете сè, но само во текот на однапред одредени 8 часа во денот.

На прв поглед можеби ви делува едноставно, но тоа е далеку од вистината. Постојат неколку правила кои се неопходни за следење доколку сакате видливи резултати. Најпрво, мора да јадете само во текот на овие 8 часа, а останатите 16 ви е дозволено да пиете само вода или билни чаеви. Одвреме-навреме во ред е и да се напиете незасладена лимонада.

Експертите советуваат дека овие 8 часа е најдобро да се наоѓаат помеѓу 9 и 17 часот, доколку сте во можност да го издвоите овој период од денот, бидејќи резултатите на тој начин ќе ви бидат највидливи. Ние знаеме дека урбаниот начин на живот скоро и да не ни дозволува исхрана во овој период, со оглед на тоа што токму тогаш ни е работното време, но можете малку да ги прилагодите овие саати. Сепак гледајте да не почнувате пред 8 наутро и да не завршувате после 19 часот.

Она што е уште поважно е што не мора секогаш да ги следите истите 8 часа како и претходниот ден. На пример, во текот на работните денови можете да ја применувате оваа диета од 8 до 16 часот, додека пак, за време на викендите да го сторите тоа помеѓу 11 и 19. Сепак внимавајте останатите часови да не внесувате ништо друго освен течности и гледајте просторот помеѓу главните оброци да биде 4 часа. Со среќа!

Прегледи:
358
Ознаки:
·
Објавено на:
17.06.2016