Категории

Неверојатна библиотека стара 300 години во Даблин, со ходник долг 65 метри исполнет со илјадници книги

Вистински рај за љубителите на книгата е Long Room, неверојатна библиотека долга речиси 65 метри и дом на повеќе од 200.000 ретки книги. 

Таа е дел од старата библиотека во Тринити Колеџот во Даблин, таа е најголемата библиотека во Ирска и една од најимпресивните во светот.

Мермерните бисти се основата на импресивниот објект, прикажувајќи ги големите филозофи и писатели од западниот свет, како и луѓето поврзани со колеџот Тринити. Импресивната скулпторска колекција започнала во 1743 со бисти од скулпторот Питер Шемакери. Меѓу другите богатства што ја сочинуваат салата е и една од ретките преостанати примероци од Прогласувањето на Ирската република 1916 година, Книгата на Келс и харфа која е најстара од тој вид во Ирска (датираат од 15 век). Составен од даб и врба, овој скапоцен артефакт е денешниот амблем на Ирска.

Изградена меѓу 1712 и 1732, големата сала е исполнета со книги благодарение на законот кој бил донесен во 1801 година кој и дал право на библиотеката да бара бесплатна копија од секоја книга објавена во Британија и Ирска.

Во 1850-тите години морало да се направи проширување, за да се направи место за уште книги. Со сводестите тавани, редови и редови од скапоцени книги, оваа библиотека сигурно вреди да се посети.