Неверојатна и нејсекојдневна панорама на Менхетен претставена во 602 мегапикселна композиција

Едно несекојднево дело од еден од највибрантните места во светот е креација на инжењерот и фотограф Dan Piech кој е долго време фасциниран од можностите кои ги нуди фотографијата со висока резолуција, усовршувајќи ја својата техника веќе преку една декада.

A New York City Dream е импресивното 602 мегапикселна композиција, направена од 189 индивидуални фотографии кои ја претставуваат панорамата на Менхетен.

„Сакав да создадам навистина уметничка фотографија со екстремно висока резолуција со која ќе ја доловам константната енергија која ја има градот“ вели Piech. 

Позиционирам од покрив во Квинс,тој и еден асистент ја поминале новогодишната ноќ во фотографирање на градот.

Речиси цела година му била потребна да го состави ова дело, кое ќе биде олицетворение на вистинската енергија со која градот живее.

 




Коментари

коментари