Неверојатна животна приказна на Ирина Шајк: Од сиромашна Русинка до еден од најпознатите топ модели во светот!

Израснала во сиромаштија, врсниците се шегувале на нејзина сметка поради нејзиниот изглед… Меѓутоа, тоа не ја спречило Ирина да ги оствари своите соништа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk) on


За да стане една од најбараните манекенки, Ирина морала да помине многу препреки и тоа со прилично многу среќа. Родена е во еден од најзагадените градови во Русија, Јеманжелинск, каде што растела во сиромаштија.

„Тоа е преубав град, ако носите маска“ – изјавила Ирина во едно интервју. Кога имала 14 години, нејзиниот татко Валериј Шајкисламов починал. Грижата над неа ја преземала нејзината баба Галина, која била нејзин најголем пример. Сонот за бегство од Русија на Ирина почнал да и се остварува кога нејзината мајка случајно видела оглас за локалното училиште за убавина на автобуската станица. Ја повела сестрата на Ирина. Татјана, а вратите до училиштето воделе до агенција за моделинг. Вработените ја забележале Ирина додека ги чекала нејзината мајка и сестра и сфатиле дека налетале на нешто посебно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk) on


„Јас всушност сакав да станам новинарка. Како и да го замислував својот живот, некако бев сигурна дека ќе го напуштам родниот град. Чувствував дека тоа е мојата судбина.“

Нејзините некогашни сограѓани се сеќаваат дека нејзината мајка Олга напорно работела како наставничка по музика, а нашла и друга работа за да може да состави крај со крај.

Тоа е сосема различно од нејзиниот моментален, гламурозен живот со Бредли Купер. Тогаш немавме пари ни за основните потреби, а камоли за луксуз. Мајка и на Ирина работеше како роб за да го прехрани семејството. А Ирина беше одлучна да ја искористи секоја шанса за да си оди во Москва, а понатаму и во останатиот дел од светот’, рекол во една прилика еден од другарите од основно училиште на Ирина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk) on


„Не можам да кажам дека беше убавица. Според мене беше превисока, нозете и беа преслаби, а кожата темна. Но, беше добра пријателка и секогаш насмеана. Долго немав чуено за неа, а потоа во 2007. се појави приказна за руската манекенка која го освојува западот“, се присетила една нејзина пријателка.

Некогашните познаници на Ирина се присетуваат дека поради слабиот изглед таа честопати била мета на навреди и исмејувања од страна на момчињата. Нејзините наставници велат дека била вредна и скромна, имала добри оценки, како и фактот дека тогаш не ни размислувала за модните писти, славата и убавината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk) on


Сепак, немаат сите убави сеќавања на Ирина од тоа време. Таа останала во лоши односи со агентите кои и помогнале да ја започне манекенската кариера, пред се бидејќи го пропуштила закажаното снимање во Москва поради романса со постар бизнисмен. Наводно тој и го платил патот до Англија за да го научи јазикот, но манекенката го негирала сето тоа.

Во секој случај, кариерата ја продолжила во Франција, каде што исто така не и било лесно.

„Ситуацијата била многу комплицирана. Не го разбирав јазикот, немав пари, понекогаш немав ни што да јадам“, раскажала таа.

Обидите да успее во Америка не и оделе од рака, пред се поради нејзиното татарско презиме и муслимански корени. Била пресреќна кога добила повик да работи за американска агенција, но нејзиното барање за виза било одбиено. Дури една година подоцна успеала да добие дозвола за влез во земјата. И тука го остварила својот сон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk) on




Коментари

коментари