Неверојатни нешта кои се случуваат кога ќе престанете да барате љубов

Неверојатни нешта се случуваат тогаш а ние ќе ви наведеме само дел од нив..

Дали можете да се сетите на тој добар период од вашиот живот кога не сте биле во потрага по идеален партнер?
Можеби тоа било толку одамна што и не се сеќавате на својата среќа во тој период. Наместо во оваа прилика да ве посоветуваме како да го пронајдете господинот Совршен, ќе ве замолиме да се фокусирате на нешто друго. На вас самите.

Затоа што кога активно ќе престанете да ја барате љубовта на вашиот живот, космосот ќе се преврти во сосема нов правец а вашиот живот нема да биде толку досаден и тажен како што бил до сега. Неверојатни нешта се случуваат тогаш а ние ќе ви наведеме само дел од нив..

Сфаќате дека вие сте главната улога во вашиот живот
Ако сте во константна потрага по љубовта на вашиот живот, испуштате едно важно нешто а тоа е дека всушност вие сте важни. Сета ваша енергија ја насочувате кон таа една имагинарна личност наместо да се фокусирате на на себеси и своите достигнувања. Кога после стотина обиди ќе пронајдете некој кој го сметате за идеален, нештата ќе станат уште полоши затоа што вие ќе се обидувате да бидете добар материјал за девојка. Во случаите кога не трчате безглаво по спротивниот пол, автоматски сте фокусирани на себе и свесни или не станувате попривлечна личност за спротивниот пол.

Врските со другите личности во вашиот живот стануваат посилни
Веројатно не сте ни свесни за тоа колку сте во состојба да ги занемарите вашите пријатели и семејство додека трчате по вашиот принц на бел коњ. Малкумина знаат да направат баланс во животот и да посветат доволно време на сите страни, но ако не сте преокупирани со бесцелната потрага, многу повеќе сте подготвени за дружење со другите и разбирање на нивните потреби.

Го сфаќате вистинското значење на зборот романтика
Во потрага по партнер веројатно сте биле во ситуација да ги смалите вашите критериуми само за да ја остварите својата цел. Ако „да се биде во врска“ е вашата единствена цел, многу е веројатно дека сте го занемариле факторот романтика кој е важен за секој однос. Периодот во кој сте сами ќе ви пружи можност да сфатите каков маж сакате покрај себе. Со самото тоа кога ќе сакате да бидете во врска со некого, ќе знаете дали таа личност е за вас или не, споредувајќи ги неговите критериуми со она што сте го зацртале за себеси.

Љубовта всушност ве пронаоѓа вас
Делува како невозможно но тоа е навистина така. Кога ќе престанете да трчате по неа, љубовта ќе почука на вашата врата. Каде и да сте се сокриле, таа ќе ве пронајде. Кога ќе престанете да бидете опседнати со поимот г-дин Совршен, тој ќе се појави пред вас во облик на некој стар школски пријател, момчето кое ви доставува пица или љубезниот продавач во спортската продавница. Имајте на ум дека мажите можат да бидат како радар и можат да „намирисаат“ очајна жена која е жедна за врска. Затоа настојувајте да бидете далеку од неа.




Коментари

[fbcomments]