Категории

Неверојатни сники го шокираа светот – Цела Австралија прекриена со пајакова мрежа

(ВИДЕО) Австралија е покриена со пајакова мрежа по обилните поплави.

Жителите на регионот Гипсленд рекоа дека мрежи како мантија се појавија по неколку врнежливи денови, а во еден дел од земјата, пајаковата мрежа се протега на еден километар покрај патот. Експертите велат дека станува збор за пајакова тактика затоа што користат мрежи за да можат повеќе да се искачуваат.

Д-р Кен Вокер, експерт за инсекти од музејот Викторија, смета дека милиони пајаци ткаеле мрежи на дрвјата.
„Пајаците што се движат на земја сакаа брзо да одат високо над земјата. Мрежите се прицврстени на вегетацијата за да можат пајаците да избегаат“ – рече Вокер. Пајаците плетеа огромна количина пајажина што ги покрива мочуриштата меѓу градовите Сале и Лонгфорд. Се очекува мрежите да се распаднат до крајот на оваа недела.

 

Прегледи:
119
Објавено на:
19.06.2021