Категории

Неверојатно: Еве што ќе се случи со вашето тело ако три месеци не се напиете капка алкохол

Кога ќе се откажете од алкохолот, крвните елементи се обновуваат во рок од три месеци, па ќе се чувствувате многу полетно и поздраво.

Што му прави алкохолот на вашето тело и колку време му е потребно да закрепне?

Откако ќе престанеме со консумирање алкохол, телото доживува препород. Се обновуваат клетките на крвта и црниот дроб, подобро спиеме и подобро изгледаме. Проверете како тоа изгледа кога ќе престанете да пиете…

Осаменост, главоболка, пулсирање и зуење во главата се само некои од симптомите на мамурлак.

Ако се продолжи цел ден, повеќето си ветуваат дека повеќе нема да пијат. Но веќе по една седмица или неколку дена подоцна, сценариото често се повторува.

Кога ќе претераме со алкохолот, на телото му е потребно време да го исчисти од организмот.

Прво што се јавува е мамурлак. Што се случува со телото кога ќе престанете со пиење после 24 часа, една седмица, еден месец и после три месеци – открива д-р Ниал Кембел, експерт за зависност од алкохол – за Daily Mail.

ПОСЛЕ 24 ЧАСА

На 24 часа од опивањето ќе чувствувате препотување или треперење, а во ретки случаи можни се и напади.

Телото почнува да се чисти од алкохолот, нивото на шеќер започнува да се нормализира и започнувате со нормално функционирање. Ќе се чувствувате подобро и помалку ќе бидете депресивни.

ПОСЛЕ ДВЕ СЕДМИЦИ

Алкохолот го иритира стомакот и предизвикува ждригавица која нема да се јавува откако ќе престанете со пиење.

Тој воедно содржи и многу скриени калории. На пр. голема чаша вино содржи 228 калории кои ги додавате на својата вечера, без да сте свесни за тоа. Откако ќе престанете да пиете и ако малку вежбате, веројатно ќе изгубите и неколку килограми.

ПОСЛЕ ЕДЕН МЕСЕЦ

Ќе изгледате многу подобро, а тоа најмногу ќе го почувствувате на вашата кожа. Алкохолот е многу штетен за кожата бидејќи и ја намалува еластичноста. Кога ќе престанете да пиете, ќе го спречите и прераното стареење на кожата.

ПОСЛЕ 4-8 СЕДМИЦИ

Вашиот црн дроб ќе закрепне и ќе започне правилно да работи. Најголемиот негов непријател е токму алкохолот. Претераното пиење може да води кон тивка болест, т.н. алкохолен хепатитис.

Во почетокот не се забележува, но ако прејде во цироза која е опасна и долготрајна болест, последиците ќе се појават.

Веќе неколку чаши вино на ден од 175 мл на две до три седмици може да доведе до развој на замастен црн дроб кај жени. Тогаш црниот дроб глукозата ја претвора во масти.

Алкохолот влијае на начинот на кој црниот дроб ги преработува мастите, а ако има премногу и клетките на црниот дроб ќе се преполнат со масти.

Кога ќе прекинете со пиење, веќе после неколку седмици ќе започнете да се чистите од вишокот на масти. Ако црниот дроб не е премногу оштетен, може да се опорави веќе за четири до осум седмици.

ПОСЛЕ 12 СЕДМИЦИ

Постојаното алкохолизирање предизвикува зголемување на клетките на крвта, па поради тоа се чувствувате поуморно од обично, бидејќи тие клетки потешко го транспортираат кислородот низ телото.

Откако ќе прекинете со пиење алкохол, клетките на крвта се обновуваат во рок од три месеци и ќе се чувствувате многу полетно и поздраво.

Прегледи:
312
Објавено на:
13.08.2016