Категории

Невообичаена статистика – Третина од животот човекот го поминува во спиење а пет години во чекање

Истражувањата кои ги спроведоа научниците во САД покажаа невообичаени статистички податоци за тоа колку време поминуваме обавувајќи секојдневни активности.

-Човекот кој просечно живее 80 години, третина од својот живот поминува спиејќи, односно 26 години. Исто така, седум години ќе потроши превртувајќи се во креветот додека се обидува да заспие.

-Околу 13 години поминува на работното место.

-Поразителен е податокот дека поминува скоро 11 години гледајќи телевизија.

-4 и пол години поминува јадејќи.

-На одмори троши само 3 години.

-Исто толку време поминува и на социјалните мрежи а за претрага на интернет троши 32 часа месечно.

-2 и пол години поминува во возење. Просечниот американец поминува 101 минута возејќи. Во текот на својот животен век тој поминува три пати раздалеченост од Земјата до Месечината.

-Жените поминуваат 1 година и пол чистејќи и одржувајќи домашна хигиена.

-На романтика се троши малку повеќе од една година живот.

-9 месеци се поминуваат во облекување.

-4 месеци човекот поминува миејќи заби а 6 месеци туширајќи се.

 

Прегледи:
84
Објавено на:
15.12.2020