Незаборавни два дена на Ohrid Calling 2017: Хардвел ја спушти публиката буквално на земја (ФОТО+ВИДЕО)

Hardwell и Afrojack направија Охрид во минатите два дена да звучи светски. 

Спектакуларно издание на Ohrid Calling 2017, фестивал кој се стреми да стане традиција, во организација на Авалон се одржа на 1-ви и 2-ри август во СРЦ „Билјанини извори“. Две вечери со двајцата мегапопуларни светски диџеи, со бројна публика на која и приредија вистинско шоу.

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on

AFROJACK е еден од најтиражните изведувачи на дeнешницата, а воедно можеби и највлијателниот диџеј и продуцент, неговото доаѓање во Македонија со нетрпение се очекуваше во целиот регион. Зад себе има Греми награда, а неколку години по ред, како и годинава, се наоѓа во топ 10 најдобри диџеи според сите релевантни диџеј листи.

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on

На сцената се појави по полноќ и ги забавуваше посетителите до 3 часот. Добра музика, разиграна публика, убава енергија и одлична забава го обележаа првиот ден од Ohrid Calling. Следниот ден сцената му припадна на Hardwell, а во последниве неколку години, тој е официјално најбараниот светски диџеј и продуцент.

Публиката уживаше во неговиот сет, се пееше, играше, а направи и интересен момент со што буквално ја спушти цела публика на земја. Погледнете го видеото од тој момент.

Hardwell е високотиражен хитмејкер со години е во топ 3 најдобри диџеи на светската ранг листа, а воедно е и најмладиот на кој тоа му пошло од рака. Директните преноси на спектакуларните настапи во живо со кои Hardwell едно по друго ги освојува најголемите фестивалски бини на планетата, заедно со спотовите и видеоблогот на YouTube, вкупно имаат повеќе од милијарда прегледи.

Воопшто не е ни чудно што приреди неповторливо шоу во Охрид и и подари незаборавна ноќ на македонската публика.

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on

Неговите продуцентски вештини ги обезбедија и најголемите глобални ѕвезди како што се: Rihanna, Coldplay, Ellie Goulding, 30 seconds To Mars. Покрај популарните ремикси, најголемиот успех на Hardwell му го донесоа неговите хит синглови: „Spaceman“, „Countdown“, „Jumper“, „Apollo“ и многу други. Минатата година излезе и неговиот деби албум со наслов „United We Are“, од кои произлегоа хитовите: „Arcadia“, „Young Again“ и „Sally“.

 

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on




Коментари

коментари