Категории

Незаборавните фризури на Анџелина Џоли низ годините

Една од најголемите Холивудски ѕвезди, хуманитарката и мајка, преубавата Анџелина Џоли, секогаш се издвојувала од останатите и со нејзиниот стил. 

Кога станува збор за нејзината коса, таа претрпе повеќе промени низ годините, од пикси до долги прамени, од брунета до блондинка и назад во брунета. Ова се најнезаборавните моменти на фризурите на Џоли.

Почетоците на брунетата

Во 1995 година, Џоли заедно со нејзиниот поранешен сопруг играа во Hackers. Таа ги исече нејзините локни и во крими трилерот играше со оваа пикси фризруа.

Русокоса, на кратко

Еден краток период во доцните 90-ти, за оскаровскиот перформанс во  Girl Interrupted, Џоли беше кратко потстрижена русокоса.

Томб Рајдер

Незаборавната улога на Лара Крофт ја запиша во историјата како моќна, со долга француска плетенка.

Суканици

Во Gone in 60 Seconds имаше платинесто русокоси суканици, за нејзината улога како  Sara ‘Sway’ Wayland.

Класична Џоли

Долгата, волуменозна коса која ја имаше во Mr and Mrs Smith, ги остава сите без здив, а најчесто можеме да ја видиме Џоли со оваа фризура.

Кралски Холивуд

Во 2014 година, Џоли ја доби наградата за хуманост за нејзината кампања за сексуално насилство. Таа со исклучителен елегантен изглед се појави во Бакингемската палата.

Прегледи:
537
Објавено на:
06.03.2018