Незапамтен интерес за првиот соло концерт на Влатко Лозаноски во Скопје! Распродаден половина од капацитетот во ВИП Арената!

Интересот за концертот на Лозано во Скопје е огромен, а влезници купуваат обожаватели од сите генерации, од најмлади до најстари и истите се продаваат речиси во сите градови од Македонија.

„Очекуваме салата да биде исполнета до последно место со фанови кои навистина долго очекуваа да го видат својот миленик таму каде што му е местото, на голема сцена и со солистички концерт во Скопје“, велат од Авалон.

Влезниците се во продажба преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на Avalon.mk по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 500 денари

ФАН ПИТ- 800 денари

ТРИБИНИ- 700 денари

SILVER SEATS- 800 денари

GOLDEN SEATS- 900 денари

ВИП- 1.000 денари

Се гледаме на 23-ти!




Коментари

коментари